Дали забележувате што ја издава? Сакала да се пофали со стомачните мускули, но поради оваа грешка сите и’ се смеат!

Пишува: Точка

Откако се ослободи од вишокот на килограми, старлетата не престанува да се фали со своето тело на друштвените мрежи. Но што ќе направи после оваа лага?

Ако не успеавте да погодите, се работи за 33-годишната Клои Кардашијан, којашто прерасна во вистинска фитнес инспирација за жените ширум светот откако, после болниот развод, утеха пронајде во теретаната и здравата исхрана.

Од “грдо пајче” од семејството Кардашијан, како што медиумите често ја нарекуваа, Клои се разви во вистински лебед, изгуби добар дел од одвишните килограми и го затегна своето тело. Но, со последната Instagram фотографија следбениците ја “уловија” во мала слатка лага.



На неа Клои ги покажува своите цврсти стомачни мускули, но фановите веднаш забележаа дека се работи за фотографија од минатото, бидејќи на неа таа се' уште има долга руса коса, којашто неодамна драстично ја скрати.


 3
Но, како и да е, нејзините трансформација и упорност се секако за воодушевување. А како што моментално не е задоволна со својот изглед, веруваме дека многу брзо таа ќе се врати во топ форма.

No comments

Powered by Blogger.