Тајни фотографии на британски Телеграф: Дали руски агенти на Калемегдан правеле план за атентат на Мило Џукановиќ?

Пишува: Точка

Британските медиуми "Sky News" и "Telegraph" објавиле тајно направени фотографии на кои наводно се наоѓаат руски разузнавачи Едуард Шишмаков и Владимир Попов, во друштво на српскиот државјанин Александар Синџелиќ, за кои се смета дека ги даваат главните докази дека Русите имале план за насилен државен удар кој би се завршил со атентат на Мило Ѓукановиќ.

Фотографиите, за кои се наведува дека ги направиле европски разузнавачки служби, наводно покажуваат два офицера на руската воена шпионска служба "GRU" во посета на Балканот, како надгледуваат човек кој го ангажирале да го организира крвавото рушењето на црногорската влада, пренесува Telegraph.

Се верува дека фотографиите се направени во белградскиот парк непосредно пред спречениот удар и претставуваат клучен дел од доказите кои го поврзуваат заговорот со руските државни органи.

Кремљ силно демантирал било какво учество, а двајца проруски лидери на опозицијата меѓу обвинетите, тврдат дека заговорот е лажен и смислен да ги дискредитира.



Меѓутоа, британски и американски службеници сметаат дека заговорот имал поддршка од Русија на високо ниво, и дека бил еден од истакнатите примери од обидите на Кремљ да ја потресе европската демократија.

Британски Sky News прв ги пренел фотографиите за кои се наведува дека се уште еден доказ дека руски разузнавачи стојат зад минатогодишниот обид за атентат на Мило Ѓукановиќ.



Како што наведува Sky News, фотографиите се направени во Белград во време на обидот за пуч во Црна Гора. На една од нив Шишмаков и Попов се фотографирани заедно на клупа, во парк во центарот на Белград, а на друга Шишмаков е со српскиот државјанин Александар Синџелиќ, кој по апсењето наводно го признал своето учество во обидот за државен удар, и признал дека работи како агент за двајца Руси.

Порано оваа година, објавени биле фотографии од пасошот на Едуард Шишмаков. Тој е опишан како асистент на воен аташе во руската амбасада во Варшава, за што безбедносните извори велат дека е најчест псевдоним за "GRU" офицерите.



Полската разузнавачка агенција објавила дека Шишмаков е протеран од таа земја поради шпионажа и прогласен за персона нон грата. Се верува дека Шишмаков и Попов се вратиле во Русија.

No comments

Powered by Blogger.