Библиски маки во Хјустон: По поплавата, нов проблем за граѓаните

Пишува: Точка

Застрашувачката катастрофа која ја предизвикал ураганот Харви, не е единствената мака, бидејќи во водите кои го поплавиле Хјустон се појавиле неколку "острови" од огнени мравки.

Огнените мравки, кои се познати по болните касања и отровот, изгледа дека ги усовршиле своите вештини за преживување, така што се поврзуваат и обликуваат своевиден сплав. Едно истражување, кое било објавено во јуни, покажало дека овие мравки се способни да ги спојат своите тела благодарение на лепливите перничиња под нозете. Кога ќе се спојат на овој начин, мравките од далеку личат на ѓубре кое плови.

Вака можат да пловат во водата со недели, а сплавот го формираат за само 100 секунди.

Последните денови на социјалните мрежи се шират фотографии и снимки од подрачјето на Хјустон, на кои се гледа како овие инсекти пловат, а експертите ги предупредуваат луѓето да не ги допираат.

Локалните власти ги предупредиле жителите да се држат подалеку од мравките.

"Избегнувајте контакт со огнените мравки кои пловаат. Ако сте во чамец, не ги допирајте ни со веслите, бидејќи многу лесно ќе ви се качат на чамецот".

Експертите ги советуваат луѓето да се облечат добро за таа ситуација.
"Затворени ракавици, облека за дожд и гумени чизми им оневозможуваат на мравките да дојдат до вашата кожа. Ако тоа се случи, ќе ве каснат. Веднаш отстранете ги со триење. Ако сте во вода, мравките уште посилно ќе се закачат за вашата кожа, а нема да можете да ги отстраните ни со силен млаз вода", наведуваат експертите.

No comments

Powered by Blogger.