Путин ќе ја тужи американската влада поради заплената на конзулатот: "Да видиме како функционира тој фален американски правосуден систем"

Пишува: Точка

"За почеток ќе му дадам налог на Министерството за надворешни работи да се обрати на судот, да видиме како функционира тој фален американски правосуден систем", рекол Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин му наложил на Министерството за надворешни работи да ја тужи американската влада поради заплена на руските дипломатски претставништва во САД, изјавил денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Путин претходно најавил дека ќе наложи преземање на правни акции поради кршење на правата за сопственост на Русија од страна на Вашингтон, потсетува Reuters.



"За почеток ќе му дадам налог на Министерството за надворешни работи да се обрати на судот, да видиме како функционира тој фален американски правосуден систем", рекол Путин претходно на конференција за новинари во Сјамен.

Тој, исто така, рекол дека Русија го задржува правото дополнително да го намали бројот на дипломатски персонал во Москва и од земјата да протера уште 155 од нив, но додал дека Москва тоа нема да го направи во овој момент.


No comments

Powered by Blogger.