Сте виделе ли погенијална визит картичка од оваа? (фото)


Иако се користат поретко во денешно време, визит-картичките се важен дел да се претставите некому во однос на работата и кариерата.

Пишува: ЦрноБело

Обично сите изгледаат горе-долу исто. Ги има во различни бои и на нив со различни фонтови го пишува вашето име и презиме, професија или работно место и податоци за контакт.

Но, оваа картичка не содржи никаква информација и е целосно празна.

Дорота Панковска, уметник и креативен директор од Торонто, нашла генијален начин да ја претстави својата работа.

Таа е авторот на оваа празна визит-картичка со бела боја на која податоците може да се видат ако се гледа под светло.





Тоа и не е така тешко со оглед на тоа што денес сите имаме светло од блицот на мобилните телефони. Картичките ги направила со матрици од буквите отпечатени на печатарска фолија, кои потоа ги исекла и ги споила.







Дорота вели дека сакала да биде оригинална, а идејата со светлото има и значење дека токму таа, како креативен директор, е човекот со светли и паметни идеи за деловна соработка.

Талентираната девојка вели дека кога некому му дава визит-картичка, на шега вели: „Повелете, ова е мојата визит-картичка. Ако сте доволно паметни, ќе ги прочитате податоците“

Генијално, зарем не?

No comments

Powered by Blogger.