Русија и Америка во борба за црното злато на Венецуела: Земјата на Мадуро пред распад, на кого ќе припадне нејзината нафта?

Пишува: Точка

Само оваа пролет во жестоките судири на симпатизерите и противниците на режимот на Николас Мадуро, но и цивилите и силите за безбедност, загинале најмалку 120 луѓе.

Клучните снабдувачи на сојузничките сили со нафта во Втората светска војна, земјата со најголеми докажани резерви на петролеум и една од основачите на ОПЕК, Венецуела, денес е држава без многу храна и лекови, пред можен банкрот, воен удар и санкции од Вашингтон.


Како латиноамериканската држава со докажани резерви од 300,88 милијарди барели нафта, инаку трет петроснабдувач на САД, дошла во ситуација да располага само со три милијарди долари девизни резерви во кеш, додека инфлацијата галопира, а на улиците ескалира крваво политичко насилство?

Само оваа пролет во жестоките судири на симпатизерите и противниците на режимот на Николас Мадуро и судирите на цивилите против силите за безбедност, загинале најмалку 120 лица. Претседателот на САД, Доналд Трамп, овие денови споменувал и можна "воена интервенција" во Венецуела, на која сложно се противат Латинска Америка, опозицијата во таа земја, големите американски компании и дел од членовите на Сенатот на САД.



Еве кои настани придонеле Западот да ја изгуби Венецуела, а латиноамериканскиот петроџин да дојде до просјачки стап.

Повеќедецениското запоставување на останатите економски гранки, чудните движења на светскиот пазар за нафта од 1973. до 2014. година кога Венецуела почувствувала максимален раст, а потоа и пад на производството на нафта, со насилна национализација на петроресурсите и дел од локалните подружници на американските нафташи, индустријата проследена со масовни отпуштања од петросекторот, бегањето на странскиот капитал и експертите - се меѓу клучните фактори за денешното осиромашување на Венецуела.



Државното присвојување на огромните профити од петросекторот за купување на социјален мир и намалување на стапката на сиромаштија, од 50 на 27 проценти, новите поповолни здружувања на истокот, со опсесијата на Каракас по секоја цена да отплати што повеќе од старите долгови, исто така придонеле државните нафтени компании во Венецуела, добар дел од сировините од Кина и Индија, денес да ги продаваат преку руски посредници, бранејќи се од можни потези на Западот.

Во меѓувреме, нафтената политика на Венецуела и политичките овластувања на режимот во Каракас - повторно денес, како и претходните децении во центарот на политичка, хуманитарна и нафтена криза, имаат непредвидлив резултат, пренесува Telegraf.rs.



Како и да е, кризата пукнала во март. Пред пет месеци, членови на Врховниот суд на кратко се обиделе да ја преземат власта од државниот парламент, кој од 2015. година е во рацете на опозицијата и отворено против продорот на Русија во петросекторот на Венецуела, кој инаку трае 11 години.

Во повлекување од тој неуспешен обид, Врховниот суд на Венецуела на претседателот на државата му дозволил лично да договара нафтени бизниси, без одобрение на парламентот, наведува Reuters.



Меѓународната заедница реагирала на обидот за политичка узурпација на Врховниот суд на Венецуела. Ерупцијата на гневот во државата, била проследена со остра критика од Западот поради растечките диктаторски тенденции на Николас Мадуро и воздржаноста на Кина и Русија кои заговарале не-мешање во внатрешните работи на суверената држава.

За Венецуела врските со Пекинг и Москва се со понов датум. По доаѓањето на власт на просоцијалистички ориентираниот претседател на државата Уго Чавез во 1999. година, кинескиот петрокапитал влегол во земјата во 2005. година.



Веќе од 2006. година Кина на Венецуела и одобрила кредит од 60 милијарди евра. Во исто време, од 2006. година до денес Русија на Венецуела и ставила на располагање кредити од околу 17 милијарди евра.

Така водечката руска петрокомпанија "Росњефт" од 2016. година станала акционер во пет водечки нафтени проекти во Венецуела, како и клучен акционер во "Sitku", филијала на државната нафтена компанија "Petroleus de Venecuela S.A", која во САД поседува три рафинерии, 48 петротерминали и мрежа нафтоводи во 24 федерални држави.



Во случај Венецуела да банкротира, 750 милиони долари кредит доаѓаат на наплата до крај на август, околу 3,8 милијарди до крајот на годината. "Росњефт" за да ги врати загубените средства би можел да ја преземе "Sitko" И со тоа да стекне контрола над дел од стратешката енергетска инфраструктура во Америка, предупредува "Bloomberg".

Засега е неизвесно во која насока ќе се развива кризата во Венецуела. Имено, трката за нови петротапии во случај на банкрот би можела да создаде хаос на светскиот пазар за нафта и да доведе до скок на цената за барел, што би им одело на рака на петроинтесите на ОПЕК, Русија и американските произведувачи.


No comments

Powered by Blogger.