Лудите диети на славните: Осум најнеобични начини на кои ѕвездите ги губат килограмите

Пишува: Точка

Доколку мислевте дека животот на познатите е лесен, тогаш сте се излажале. Имено, тие се под постојан притисок да изгледаат одлично, а поради тоа често се подложуваат и на строги диети.

Освен тоа, работата на холивудските актерки бара од нив да бидат склони кон екстремни промени во физичкиот изглед, за потребите на некоја улога. Во продолжение, погледнете ја листата на најнеобични методи со помош на кои славните личности ги губат своите килограми.

Бијонсе

Бијонсе одбегнувала цврста храна поради губитокот на додатни 7 килограми за улогата во филмот “Dreamgirls”. Две недели само пиела вода со лимонов сок, чили во прав и јаворов сируп, додавајќи свеж зеленчук на врвот. Резултатот бил неверојатен, но таа признала дека никогаш нема да го повтори ова.

Натали Портман

За улогата на балерина која има проблеми со тежината, Натали морала да има околу 37 килограми. Да, 37! Нејзината дневна исхрана се состоела од половина грепјфрут, морков и малку бадеми. Звучни страшно, но токму оваа улога ѝ донесе Оскар.



Метју Меконахи

За 4 месеци екстремно строга диета, познатиот актер изгубил повеќе од 20 килограми. Диетата се базирала на многу течности и протеини, а Меконахи вели дека психолошкиот притисок бил најтешкиот дел од диетата.

Рис Витерспун


Рис се подложила на популарната диета, базирана на детска исхрана, со цел да се врати во форма по породувањето. Тајната е едноставна: кашестата храна е полесна за варење, а големината на оброците гарантира дека нема да се прејадете.

Кристијан Бејл

За потребите на филмот “The Machinist”, Бејл морал да изгуби 30 килограми за 4 месеци. Неговата исхрана се состоела од конзерва туна и едно јаболко, која не преминувала 300 калории. Актерот пиел многу вода со цел да го намали чувството на глад.

Ен Хатавеј

За улогата во филмот “Les Miserables”, Ен била на диета од само 500 калории днено. Таа консумирала две порции суви овесни снегулки, неколку ротквици и малку хумус.



Мадона

Пејачката е во неверојатна форма, а тајната на нејзината исхрана се темели на претпоставката дека воздухот е доволен за функционирање на нашето тело. Таа готви храна, но не ја консумира: таа само ја мириса и не јаде ништо освен солена супа од вода.

Никол Кидман

По породувањето, Никол морала да се подложи на прилично тешка диета со цел да се посвети на проектите кои ја чекале. Исхраната се состоела од едно тврдо варено јајце за појадок, едно за ручек и две за вечера. Таквата исхрана е нездрава и неурамнотежена, но актерката изгубила и повеќе килограми отколку што очекувала.

No comments

Powered by Blogger.