ВИДЕО: Објавено видео од убиството на еден од терористите во Камбрилс

Пишува: Точка

Видео од убиството на еден од терористите што го извршија нападот во шпанскиот град Камбрилс е објавено на „Јутјуб“.

Видеото го направил Британецот Фикрој Дејвис. Каталонската полиција потврди дека возачот на „комбето на смртта“, кој уби 13 луѓе во Барселона, е еден од петмината терористи кои полицијата ги ликвидираше во градот Камбрилс.

Вчера, по нападот во Барселона, терористички напад се случи и во Камбрилс, каде автомобил влета во пешаци. Во нападот загина едно лице, а повредени беа седум лица, меѓу кои и еден полицаец.

No comments

Powered by Blogger.