Џорџ Клуни конечно открил како ја запознал Амал

Пишува: Точка

Таа буквално му го украла срцето – барем така може да се заклучи по последното интервју кое го дал Џорџ Клуни, а во кое зборувал токму за неа – својата сопруга Амал Клуни.

“Помислив колку е духовита и исклучително паметна”, се присетил 57-годишниот актер за “Hollywood Reporter” во моментот кога ја запознал својата 39-годишна партнерка на езерото Комо во Италија, во 2013 година.



“Таа ми испрати неколку фотографии од местото на кое се наоѓа, продолживме да се допишуваме, да разговараме за она што се случува во нашите животи. По некој период беше јасно дека помеѓу нас постои нешто повеќе од пријателство”, вели тој.

Истата година, парот заминал на својот официјален прв состанок во Лондон.







“Отидовме на вечера, таа го предложи местото. Ресторанот беше исклучително тренди и шик. Кога излеговме, нè дочекаа педесетина папараци, а таа тој дел го “одработи” како професионалец. И така сè започна”, изјавил Клуни.

По краткотрајната романса и спонтаниот одмор, парот се вратил во Лос Анџелес.

“Ја гледав фотографијата на која среќно се смее, гледајќи ги жирафите во Кенија, во текот на сафарито. Си помислив – мислам дека ќе ја запросам”.





“Поминав дваесет минути клечејќи, чекајќи да ја прифати мојата понуда бидејќи Амал беше во шок. Стравував да не помисли дека е прерано за брак, но за среќа не се случи такво сценарио. Од првиот момент знаев дека сме создадени еден за друг и дека сме вистински тим. Од тој момент, нашата среќа не престанува”, вели Џорџ во интервјуто.

Убавата Амал и нејзиниот партнер се венчале на приватна церемонија во септември 2014 година, во Венеција.

“Бракот те менува толку колку што се менува секој човек кога лудо ќе се заљуби. Во еден момент, животот на таа друга личност станува поважен од сопствениот живот”.

Амал и Клуни, пред три месеци станаа родители на близнаците Александар и Ела, кои се дефинитивно круна на нивната љубов.

No comments

Powered by Blogger.