Српската премиерка во врска со згодна докторка

Пишува: Точка

Премиерката Ана Брнабиќ, според српски „Курир“, е во емотивна врска со лекарка од Белград, која важи за вистинска убавица. Откако стана претседател на Владата, Брнабиќ го проретчи појавувањето во јавноста со својата долгогодишна партнерка, иако нивната врска никогаш не била тајна за најблиските роднини и пријатели на Ана.

Брнабиќ неодамна се врати од одмор кој го искористила за да отиде до Крк во Хрватска каде што има семејна куќа. Меѓу оние што имаа можност да се запознаат со убавата девојка на српската премиерка биле и министрите. Притоа шефот на дипломатијата и вицепремиер Ивица Дачиќ бил особено фасциниран од страна на девојката на премиерката на ексклузивната вечера што за министрите и нивните партнери ја организирал претседателот Александар Вучиќ уште додека беше на чело на владата.

Дачиќ тогаш покажал дека не може да остане рамнодушен пред атрактивни жени. Иако знаел дека е девојка на Брнабиќ, извикал: „Жално е толку добра риба не сака мажи“. И покрај тоа не престанал со обидите да ја шармира.

No comments

Powered by Blogger.