Ураганот Ирма ги уништува Карипските Острови (фото)

Како ураган од 5-та категорија со ветар од 300 km/h, Ирма е рангиран помеѓу најмоќните урагани досега на Атлантскиот Океан.

Пишува: ЦрноБело


Во средата силната бура ги погоди Карипските Острови, упатувајќи се кон Барбуда и Свети Мартин, каде остави огромна штета на имот, домови и инфраструктура на овие и други острови во околината кои се речиси целосно уништени.
Аеродромот во Свети Мартин, каде авионите вообичаено им прелетуват над глава на туристите на блиските плажи, исто така е уништен.


Ураганот сега е упатен кон Туркс и Кајкос и Бахамите со полна брзина, а претставува сериозна закана и за Куба и Флорида, според предвидувањата.

Ураганот Ирма е вистинска опасност за Америка и ситуацијата постојано се следи, граѓаните се евакуираат и спасуваат, но има и жртви.

No comments

Powered by Blogger.