НАСА испратила црви во вселената: Тоа што им се случило таму ги исплаши научниците

Пишува: Точка

Што се однесува на експериментите на НАСА, знаеме дека се необични - но овој оди малку подалеку на чудната страна.

Тимот на истражувачи предводен од научници од Универзитетот Тафтс испратил група на најобични сплескани црви во вселената, запечатени во туба половина наполнета со вода, а половина со воздух, некои ампутирани и некои целосни.

Ги испратиле на меѓународната вселенска станица, а кога се вратиле назад, НАСА откри дека еден од ампутираните црви претрпел необично ретка трансформација: тој развил две глави! По една на секој крај, нешто кое научниците дотогаш го немале забележано кај ниту еден од 15.000 истражувачки црви во нивната колонија црви кои ги чуваат изминатите пет години.

Она од кое уште толку се зачудиле е тоа што откако му ги ампутирале двете глави на црвот вратен од вселената, од истото место се регенерирал двоглав црв покажувајќи дека модификацијата на телото која му се случила е трајна.



Се разбира, истражувачите не го правеле ова за "шега" ... Неверојатните начини на сплесканите црви за регенерација ги прави идеален предмет на тестирање особено при долгорочна изложеност на ригорозните услови на вселената, со цел да се откријат нови начини за помош на човештвото.

"Со оглед на човечката транзиција кон станување на вид кој ќе поминува се повеќе и повеќе време во вселената, важно е да го откриеме влијанието на вселенскиот лет врз регенеративното здравје на човекот заради медицината и идните лабораториски истражувања", соопшти водечкиот истражувач/научник Јунжи Морокума.

Истражувачите забележале и други ефекти врз црвите. Некои од нив кога се вратиле од вселената биле спонтано поделени во двa или повеќе црви, додека нивните браќа кои останаа на Земјата никогаш не го прават тоа. Исто така, вселенските црви откако биле вратени на Земјата и префрлени во садови со земјена, изворска вода, тие се парализирале и станале неподвижни цели неколку часа пред да се вратат во нормала.

Студијата беше објавена во списанието Regeneration.

No comments

Powered by Blogger.