Хакери продаваат податоци со мејлови и телефонски броеви од профили на „Инстаграм“

Хакери продаваат податоци со мејлови и телефонски броеви од профили на „Инстаграм“

Популарната апликација за фотографии, „Инстаграм“ претходно оваа недела предупреди за безбедносен пропуст што може да им овозможи пристап на хакерите до нивните лични информации. Корисниците беа информирани дека проблемот е отстранет.

Сепак, хакерите се чини дека имале корист од проблемот, пред тој да биде коригирани од „Инстаграм“, главно удирајќи на профили на познати личности, објави „CNN Tech“.

Вчера главниот технолошки директор на „Инстаграм“, Мајк Кригер, објави статија со предупредување до сите корисници на нарушување на безбедноста.

„Иако не можеме да одредиме кои сметки би можеле да бидат засегнати, веруваме дека има мал процент од сметките на „Инстаграм“. Сакаме да потврдиме дека при овој проблем, ниту една лозинка не е објавена“, се вели во соопштението на компанијата.

Портпаролот изјави за „CNN Tech“ дека е свесен дека одредени поединци се обидуваат да ги продадат информациите до кои стигнале, и компанијата работи заедно со органите за спроведување на законот, за да се справи со тоа.

Хакерите продаваат податоци со мејлови и телефони за кои тврдат дека припаѓаат на корисници на „Инстаграм“ и се запленети пред проблемот да биде корегиран. Луѓето можат да бараат кориснички имиња во база на податоци и да купуваат лични податоци за 10 долари по сметка. Веб-страницата не е достапна преку традиционалните веб-прелистувачи.

Менаџерот на базата на податоци споделил пред „CNN Tech“ дека „имаат различни популарни сметки, нормални сметки и профили на многу познати личности“.

Хакерите велат дека имаат лични податоци за над 6 милиони сметки. Менаџерот на базата на податоци изјави дека има слушнато за ранливоста на „Инстаграм“ во приватна чат соба и ги зел податоците на 25-ти август.

Лицето испратило на „CNN Tech“ листа со 1.000 одземени сметки од „Инстаграм“ и поврзаните со нив податоци откако медиумот успеал да потврди дека некои од вклучените мејлови се користени од страна на вистински сметки во „Инстаграм“.

No comments

Powered by Blogger.