Хорор на Дедиње: Пластичен хирург пукал во славната актерка од "Курсаџии", па се самоубил

Пишува: Точка

Повредената актерка со возило на Итна помош била пренесена во болница.

Во пукањето кое се случило рано утрово на улица Коста Рацин на Дедиње, повредена била 30-годишната актерка Ивана Панзаловиќ, позната по улогата во серијата "Курсаџии", а на неа пукал 59-годишниот С.Ц, инаку доктор вработен во Воено-медицинската академија, пишува "Blic.rs". С.Ц пукал во својата девојка, а потоа извршил самоубиство.



Според неофицијалните информации, докторот и младата актерка биле во врска и живееле заедно.



Во околу 4 часот наутро се скарале, и тогаш докторот, инаку пластичен хирург, пукал во младата актерка. Според неофицијалните информации, тој ја застрелал со куршум во чело.



Потоа, мажот извршил самоубиство пукајќи си во глава.



Повредената актерка со возило на Итна помош била пренесена во болница, пишува Blic.rs.



На самото место се наоѓаат и припадници на Воената полиција, додека полицијата и натаму врши увид.



Пред зградата се наоѓа скршен вентилатор, кој, како што велат соседите, во текот на расправијата го фрлиле од прозорот.

Како што велат соседите, на обидот за убиство и самоубиството им претходела жестока расправија.

No comments

Powered by Blogger.