Храна која не треба да се јаде со лушпа или семки

Корисните својства на овошјето и зеленчукот се во огромен број и се непроценливи.



Но, сепак постојат „правила“ или начини со кои можете многу повеќе да ги извлечете корист од нив.

На пример, некои здрави состојки во овошјето или зеленчукот се наоѓаат во лушпата и треба така да ги јадете.

Сепак, постојат и такви кои е подобро да ги јадете без лушпа.

Погледнете кои се производите што е побезбедно да ги излупите:
Не јадете круши со семки

во семките од крушите има отровна материја, но бидејќи е во мала количина се смета дека н е може да ни ниаштити. Сепак, препорачливо е да се избегнуваат.



Не јадете јапонско јаболко со лушпа ако е незрела или кисела

Многумина ги јадат јапонските јаболка со лушпа бидејќи е мека и понекогаш вкусна. Но, не треба секогаш да се јаде лушпата. На пример ако не е зрела и кисела, подобро е да ја излупите бидејќи во лушпата има танин, кој не треба да се внесува во големи количини.


Не јадете манго со лушпа

Мангото е многу здраво и корисно овошје но подобро е да го јадете без лушпа бидејќи во лушпата има некои отровни состојки, кои иако не се во големи количини, сепак треба да се избегнува. Секако не е многу вкусна.


Извадете ја лушпата на застоените компири

Компирите може да бидат многу корисни но во овие случаи треба да ги подготвите без лушпа:
Кога на лушпата има зеленкасти дамки – бидејќи има токсични состојки во тие делови.
Изртен, застоен компир – исто така можно е да има отровни состојки во лушпата.


Не ја јадете лушпата на овошјето кое претрпело долг транспорт

За овошјето да го издржи долгиот транспорт и да остане зрело, тоа е премачкувано со некои состојки кои го продолжуваат нивниот век. Сепак тие се штетни и затоа треба да ја извадите лушпата пред да го јадете.


Излупете ја лушпата од незрелите домати

Зелениот незрел домат содржи некои токсични материи кои зрелите домати не ги содржат, па затоа подобро е да ги излупите доматите кои не сте дочекале да дозреат.


Јадете киви без лушпа

Иако лушпата на кивито е многу корисна, сепак треба да ја избегнувате ако имате проблеми со стомакот.



М. М. | Црнобело

No comments

Powered by Blogger.