Децата не знаат дека глумат во хорор, луѓето во позадина отвараат уста: Тајни за снимањето на филмовите

За да се сними добар филм, кој ќе ги воодушеви гледачите, треба да се биде вистински професионалец.

Пишува: ЦрноБело

Работата не е воопшто лесна, без разлика на тоа колку „стручњаци“ познаваме кои „сигурно би знаеле да направат подобар филм“.

Тимовите кои работат на снимање филмови се служат со многу трикови за кои сигурно не сте знаеле, барем за поголем дел од нив.

А, откако ќе ги дознаете, ќе ги прегледувате сцените по неколкупати за да ги забележите работите.

zad-scenata-neverojatni-tajni-i-trikovi-za-snimanjeto-na-filmovite-02.jpg

Дознајте неколку трикови со кои тие се служат:

Луѓето во позадина секогаш ги прават сцените целосни и пореални, посебно кога се работи за јавни места

Најчесто може да ги забележите како си зборуваат меѓу себе.Но, она што го гледате како „зборување“ е всушност само отварање на уста без глас.

Секој глас и звук за време на снимањето може да биде снимен на моќните микрофони.

Затоа луѓето во позадина се професионалци за отварање уста и лажни разговори, тивко смеење и избегнување на гледање во камера.
zad-scenata-neverojatni-tajni-i-trikovi-za-snimanjeto-na-filmovite-03.jpg

Кога се работи за звукот, сѐ може да биде од помош

На пример, пискањето во некои сцени е направено со помош на пластични чаши кои се стругаат од стакло.

Оние кои се задолжени за звукот, обожаваат да користат зеленчук за да ги создадат звуците во хорор филмовите. На пример, кршењето на морков звучи исто како кршење на коски.

Уште многу други зеленчуци може да помогнат во создавање звуци.

Уверете се:

Многу често режисерите и екипата снимаат многу повеќе материјали, но не сите сцени се искористени на крај

Затоа многупати има продолжена верзија од филмовите кои ја доближуваат вистинската верзија до публиката.

Сите сте слушнале за зелениот екран кој се користи за снимање филмови

Неговата магија е во тоа што е создаден со компјутерски специјални ефекти кои го одвојуваат актерот од зелениот екран и се додава било каква позадина.

Всушност, може да биде во било каква боја, но зелената и сината се најкористени заради контрастот со човековата кожа.

zad-scenata-neverojatni-tajni-i-trikovi-za-snimanjeto-na-filmovite-04.jpg

Како децата снимаат хорор филмови?


Еноставно, сѐ што се случува на сценатата, на детето му е презентирано како игра.

Понекогаш од нив се бара да трчаат наоколу со кукла, да истурат чаша со црвен сок, да зборуваат со луѓе итн.

Во повеќето случаи, детето не знае дека глуми во хорор филм, а на снимањата нема ништо страшно.

Целосното склопување на сцените и ефектите се додаваат подоцна, а тоа е тоа што го прави филмот страшен.

Големите замоци и импресивните градови од иднината не се секогаш правени со компјутерски ефекти

Понекогаш, тие се моделирани, но се многу помали отколку што изгледаат на екраните.

zad-scenata-neverojatni-tajni-i-trikovi-za-snimanjeto-na-filmovite-05.jpg

Интимните сцени се најкомплицирани за снимање, посебно за актерите

Затоа режисерите преферираат да ги снимаат последни, кога актерите ќе имаат доволно време да се запознаат меѓусебно на снимањата.

Тие ги вежбаат сцените повеќепати во облека, со минимален број на луѓе околу нив.

Ликовите јадат, но актерите не

Замислете колку пати тие ја повторуваат сцената. Ако јадат секојпат тие ќе биде прејадени цело време. Посебно кога се работи за обилен ручек, а не за обични грицки.

Многу често тие ја гризаат и џвакаат храната пред камера, но не ја голтаат.

Како се глуми повраќање?


Ако ликот треба да поврати, посебна кеса со каша или шпагети е прикачена на вратот на актерот. За да „се активира“ повраќањето, кесето се стиска.

Актерите не пушат вистински цигари на снимање.

Тие најчесто имитираат пушење или користат хербални цигари. Понекогаш се случува актерите многу да се соживеат со улогата, па така се има случено дури и да пушат марихуана вистински за да ја доловат улогата, но како резултат на тоа, тие не можеле воопшто да снимаат.
Ако гледате сцена со ноќно возење, погледнете го патот

Најверојатно ќе биде мокар, бидејќи влажната површина создава подобар контраст и рефлектира повеќе светлина.

Многу работи во филмовите не се тоа што мислиме, туку се заменети со алтернативи

Кокаин – млеко во прав, витамини или шеќер во прав
Крв – сируп со боја за готвење
Стакло – тенка пластика
Пиво – сок од јаболко
Жесток алкохол – оцет
Мраз во чаша – желатин
Пот – вода од рози или глицерин
Снегот исто така не е вистински – постои компанија која создава снег и зимски ефекти во филмовите.

 
zad-scenata-neverojatni-tajni-i-trikovi-za-snimanjeto-na-filmovite-06.jpg

No comments

Powered by Blogger.