Проговориле родителите на Американецот претепан на Закинтос: Сакаме неговите убијци да бидат зад решетки - и тоа многу долго!

Пишува: Точка

Родителите на Бакари Хендерсон, момчето убиено на Закинтос, соопштиле дека ангажирале адвокат, дека ќе присуствуваат на судењето и дека, преку платформата "GoFundMe", собрале повеќе од 100.000 долари за покривање на трошоците.

Во првото интерјву од смртта на синот, родителите на убиениот Американец, Џил и Фил Хендерсон, не ги именувале српските државјни како извршители на злосторството, но новинарката на американската телевизиска мрежа CBS навела дека нивниот најмлад син бил убиен по расправија во еден "српски бар", како и дека една од девојките во изјавата во полицијата рекла дека расправијата почнала кога таа се сликала со Хендерсон, по што еден Србин ја прашал: "Зошто разговараш со црнец?" и го удрил Хендерсон во лице.

"Можеби тоа се случило бидејќи е Американец, но сето тоа резултирало со трагедија за еден црн Американец", рекла неговата мајка Џил на прашањето дали станува збор за расизам или "само нешто излегло од контрола".

Почувствувала, вели, дека нешто не е во ред, кога видела пропуштен ноќен повик од американската амбасада.

"Се надевав дека го пронашле неговиот паричник или нешто слично. Беше тоа повик доцна навечер, такви работи не сакате, само се надевате дека не е ништо страшно, дури и се молевме пред да се јавиме", додава таа.

Семејството Хендерсон рекло дека Бакари сакал да патува, како и дека надвор од САД се чувствувал многу побезбедно поради "климата која во САД владее кон младите Афроамериканци.
"Само сакаме правда за Бакари. Правда би значела дека сите ќе завршат зад решетки, и тоа на многу долг период", изјавила неговата мајка.

No comments

Powered by Blogger.