Почнува новата учебна година

Пишува: 24Вести


Повеќе од 20.000 првачиња ќе седнат во училишните клупи во новата 2017/2018 година, која место традиционално на 1 септември, со одлука на Министерството за образование и наука почнува денеска. Од нив наставата на македонски јазик ќе следат 13.218 првачиња, на албански јазик 6.419 ученици, на турски 738, на српски 16 ученици и 46 на босански јазик. Во Скопје во вкупно 10 општини досега се пријавени 6.159 првачиња.

Во средните училишта, пак, се запишани вкупно 17.364 ученици во прва година. Што се однесува до учебниците, од Министерството за образование и наука велат дека за оние учебници во кои се пишува ќе бидат дистрибуирани до училиштата најдоцна до 15 септември, а истиот рок важи и за дистрибуција на најголемиот број други учебници.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185.119 што претставува намалување за 1,7 проценти во однос на претходната учебна година.

No comments

Powered by Blogger.