Нејзината вистина: Принцезата Дајана се плашела од свадба и ја сметала за најлош ден во својот живот

Пишува: Точка

Принцезата Дајана го изгубила животот во трагичната несреќа пред речиси 20 години. По повод 20-годишнината, во јавноста излегуваат детали од документарецот за обожуваната принцеза.

Се ближи 20-годишнината од трагичната смрт на принцезата Дајана, а по тој повод во јавноста се појавуваат детали од документарците посветени на животот на оваа жена.



Еден од нив е документарниот филм на "National Geographic", "Diana: In Her Own Words" во кој се користат аудио записи од бројни интервјуа кои Дајана ги давала во медиумите во 1991. година за книгата за нејзиниот живот, пишува Today. Документарецот открива дека Дајана венчавката со Чарлс ја сметала за најлош ден во нејзиниот живот. 



"Сакам да мислам дека направивме документарец од нејзиното гледиште. Ова е нејзината приказна. Нејзиниот став, нејзината вистина", рекол продуцентот Том Џенингс.Принцезата го преиспитувала својот однос со Чарлс и откако се свршиле. "Одев горе, ручав со сестрите и им реков дека не можам да се мажам. Не можам да го правам ова. Ова е неверојатно. Тие беа прекрасни. Ми рекоа дека сега е доцна да се премислувам", рекла тогаш Дајана.



Најмногу на Дајана и пречела врската на Чарлс со Камила Паркер Боулс и околу тоа секогаш се расправале, па дури и на медениот месец. Покрај тоа, Дајана ја мачела славата и вниманието од јавноста. Подоцна, се помирила со тие работи и светот го гледала поинаку.


No comments

Powered by Blogger.