Протекле нови податоци за Ким: Неговата сопруга ја нема во јавност веќе со месеци поради ова

Пишува: Точка

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, добил трето дете, јавува денес агенцијата "AFP", повикувајќи се на јужнокорејски извори.

Француската агенција нагласува дека првата дама на Северна Кореја, Ри Сол Ју, неколку месеци не се појавила во јавност.

Таа се породила во февруари, објавила агенцијата Johnap, повикувајќи се на пратеници на Јужна Кореја, кои за тоа биле известени од Националната разузнавачка служба.



Ри минатата година исчезнала од јавноста, што отворило шпекулации дека е бремена.

Веста дека Ким трет пат станал татко е објавена во време кога Северна Кореја лансирала нова балистичка ракета која прелетала преку северна Јапонија и паднала во Тихиот океан кај островот Хокаидо.



Според претходните разузнавчки извештаи од Сеул, Ри се омажила за Ким во 2009. година, следната го родила првото дете. Второто дете им се родило во 2012. година.

Ова е третата генерација од династијата која владее со Северна Кореја, но малку се знае за "првото семејство".



Поранешниот НБА кошаркар Денис Родман е единствен извор на информации за второто дете на Ким Јонг Ун - девочето Џу-Ае.

Тој за тоа зборувал по посетата на Северна Кореја во 2013. година. Ким го опишал како добар татко кој има добро семејство.



AFP нагласува дека малку се знае и за приватниот живот на КИм - дури и за точниот датум на раѓање и датумот на венчање.

Јужнокорејските разузнавачки податоци покажуваат дека Ри доаѓа од едно обично семејство, дека нејзиниот татко е факултетски образован, а мајка и е докторка.

Таа била во Јужна Кореја во 2005. година, како чирлидерка, на атлетски шампионат.

No comments

Powered by Blogger.