Пронајдено проштално писмо на терористот од Шпанија: Родителите во шок, открија кој го „затрул“ нивниот син

Пишува: Точка

Еден од терористите кои што го изведоа нападот во Шпанија, напишал проштално писмо до неговите родители, пред мотивиран од радикалната исламска идеологија да тргне во крвав поход.

Тој во писмото го моли неговото семјество да му прости за „штетата“ која што ќе ја предизвика. 18-годишниот Саид Ала го оставил писмото во фиока во неговата соба, пред да биде застрелан од шпанските специјалци во Камбрилс, каде што со комбе заедно со други четворица исламисти, прегази пешаци, неколку часа после нападот во Барселона.

Тој го напишал писмото рачно и истото било пронајдено од полицијата при претресот на куќата во Рипол. Содржината на писмото ја објави шпанскиот весник „Ел Мундо“.

„Ги молам да ми простат тие кои наскоро ќе ги повредам. Ви благодарам за се што сторивте за мене“, напишал 18-годишниот Саид Ала.




50-годишниот Брахим Ала, татко на 18-годишниот Саид и неговиот брат, 22-годишниот Јусеф кој што се претпоставува дека е убиен во експлозија во куќа во градот Алканар, изјавил дека неговите синови биле „добри момци“ кои што биле „затруени“ од имамот Абделбаки Ес Сати.

Тој открил дека имамот две години проповедал во Шпанија во џамија во Рипол каде што живееле 11 од вкупно 12-те напаѓачи.

„Сите беа добри деца, вклучувајќи ги и моите синови, но нешто им се случи. Сите починати деца сега заминаа на подобро место. Ние сме обвиени од голема тага“, изјавил Брахим Ала за шпанските медиуми.

Ес Сати, чија што џамија била претресена од полицијата, имал врски со Ал-Каида и бомбашите кои што го извеле нападот во Мадрид во 2004-та година. Мариа Алба Мартинез, чие што семејство го вработило Саид Ала во нивната кафетерија, открила за шпанските медиуми дека муслиманските семејства станале порадикални откако Ес Сати пристигнал во градот. Младите жени започнале да носат хиџаб, иако претходно не практикувале такво нешто.

Ес Сати наводно починал во експлозија во Алканар откако претходно го испланирал терористичкиот напад. Сепак, оваа информација се уште не е официјално потврдена од шпанските власти затоа што ДНК анализите се уште не биле готови.

No comments

Powered by Blogger.