Пеколен план на терористите во Шпанија: Подготвувале напад на симболот на градот

Пишува: Точка

Полицијата и службите за безбедност тргнале во потрага по преостанатите членови на терористичката ќелија, која ја сочинуваат марокански државјани.

Ширум Европа вчера била организирана голема потрага по најмалку еден џихадист, кој е уште во бегство, по сознанието дека терористичката ќелија во Барселона планирала напад на Саграда Фамилија, најпознатата катедрала во Барселона, пишува денес британски Telegraph.



Полицијата и службите за безбедност тргнале во потрага по преостанатите членови на терористичката ќелија, која ја сочинуваат марокански државјани, од страв дека можеби подготвуваат нови напади на популарни туристички подрачја.

Шпанската полиција вчера идентификувала тројца осомничени Мароканци - Муса Укабир, Саид Аала и Мохамед Хашами, пренесува AFP.



Полицијата, исто така, соопштила дека трага по четвртиот осомничен - Јунес Абујакубу.

Француски безбедносен службеник вчера рекол дека шпанската полиција е во потрага по комбе марка "Renault", кое во четвртокот било изнајмено во Шпанија, а за кое се верува дека е пренесено во Франција.



Шпанските службеници веруваат дека нападите на Барселона и Камбрилс се дело на терористичка ќелија сочинета од најмалку 12 лица.

No comments

Powered by Blogger.