Дали би преноќиле во хотел - капсула што плови?

Пишува: Точка

Јапонците никогаш не престануваат да не изненадуваат. Тие се наречени и "изум" луѓе поради нивната неверојатна креативност и футуристички изглед кој му го даваат на градбите. Сега ви нудат и преноќување во хотел - капсула!

Јапонија е позната низ цел свет по нејзините креативни, модерни и луксузни хотели, но можеби со овој хотел отидоа предалеку. Всушност се работи за сферична “капсула” т.е. хотелска соба која плови по вода, а луѓето на интернет имаат различни гледишта и реакции кон овој нов изум на Јапонците.

Хотелот “Мизуками” е дизајниран од холандскиот тематски парк Hius Ten Bosch во Нагасаки кој вклучува кревети, тоалети и тушеви. “Собата е потполно иста како и во обичните хотели, од 36 до 38 квадратни метри во која околу 4 лица би можеле да престојуваат”, вели сопственикот Хидео Савада. Капсулата полека се упатува кон остров кој неодамна го купил компанијата и моментално се реконструира во одморалиште кое ќе биде наменето за бизнис. Што значи се сместувате од едно место, а наутро ќе се разбудите на остров!



Ако сакате да влезите во оваа орбита тоа ќе ве чини околу 300 долари за една ноќ. Воедно, гледање на филмот Титаник не е препорачливо.

No comments

Powered by Blogger.