Оваа европска држава станува ново бојно поле на Русија и НАТО: Тензиите ги смирува само еден политичар

Пишува: Точка

Владата на Молдавија најавила дека следниот месец на Генералното собрание на ОН ќе ја отворил темата за повлекување на странските војници од својата територија, што Русија го доживеала како тешка провокација.

Државниците внимателно ја следат ситуацијата во регионот, кој наскоро би можел да стане ново жариште за судир на светските сили.

Околу 300 руски војници во рамките на мировната мисија се наоѓаат во Придњестровље. Конфликтот меѓу Русија и Молдавија се развил во текот на последната година, откако во Молдавија на власт дошла прозападна влада, која сака да го смени досегашниот политички курс на државата и да ја поведе кон ЕУ и НАТО.

Само во последните неколку месеци повеќе пати имало искри меѓу молдавската влада и руски службеници, а во последниот инцидент, на авионот во кој се наоѓал заменик премиерот на Руската Федерација, Дмитри Рогозин, му било забрането да слета во Придњестровље, пишува Blic.rs.



Ситуацијата засега ја смирува претседателот на Молдавија, Игор Додон, кој се смета за проруски политичар, и кој не се согласува со политиката на својата Влада. Тој бара руските војници да останат додека конфликтот не се реши.

Ситуацијата во регионот е крајно тензична, оценуваат аналитичарите. На Русија не и одговара целта на молдавската влада, која најавува сојуз, па дури и обединување со Романија, членка на НАТО, во која е најавено распоредување на ракети на Алијансата, што би значело дека трансатлантскиот сојуз дополнитело би се доближил до руските граници.

Исто така, поради актуелниот конфликт со Украина, тоа би значело дека влијанието на НАТО би се чувствувало се до Доњецк и Луганск, на крајниот исток на Украина, посебно пред вратите на Русија.

Придњестровље така станало тампон зона меѓу Русија НАТО, но сепак, на Русија не и одговара да ја признае како држава, бидејќи така ќе го изгуби политичкото влијание во Молдавија.



Придњестровље, каде живеат повеќе од половина милион жители, Молдавци, Украинци и Руси, речиси две децении важи за територија на замрзнат конфликт. Меѓутоа, денес тоа прашање повторно се отвара, што предизвикува страв дека би можело да дојде до отворање на уште еден крвав фронт, а аналитичарите не ја исклучуваат таа опција.

И самиот претседател Додон признал дека постои сценарио за кое се почесто се зборува, според кое би биле распоредени дополните странски воени сили, најверојатно од НАТО, со што двете сили повторно би се нашле на меѓусебните нишани.

По едностраното прогласување на независноста на Придњестровље во 1990. година, доаѓа до воен судир во 1991. и 1992. година, во кој молдавските власти не успеале да ги совладаат придњестровските сили, кои биле помогнати од старата советска 14. дивизија, па ситуацијата останала непроменета.



Оваа држава уште никој не ја признал, иако функционира сосема одвоено од Молдавија, со одвоени финансии и посебна валута, судство, полиција, па дури и војска. Владата нема апсолутно никакво влијание во овој регион.

Некое време во Русија и Украина бил актуелен предлогот за признавање на Придњестровље, но двете држави го отфриле, бидејќи тоа би можело да доведе до губење на влијанието кое Русија го има во Молдавија, и до обединување на Молдавија и Романија, што често се најавува. И претседателот на непризнатата република изјавил дека повлекувањето на руските миротворци ќе предизвика војна.



Како што пишува Sputnik, доколку Молдавија се одлучи за воено сценарио за решавање на проблемот, би можела да ја доживее судбината на Грузија од 2008. година.Тогаш грузиската војска влегла на територија која ја обезбедувале руски припадници на мировна мисија, за два дена подоцна, две нејзини области, Јужна Осетија и Абхазија целосно да паднат под руска контрола.

Сепак, сега судирот би се одиграл на земјата на Европа, во близина на зоните на влијание на НАТО, па воени игри во овој појас би можеле да доведат до крвава и долга војна.

No comments

Powered by Blogger.