Славната пејачка проговорила за односот со холивудскиот заводник

Пишува: Точка

Односот на славната пејачка Кети Пери и познатиот актер Орландо Блум секогаш бил интересен за јавноста, а пред неколку дена повторно почна да се зборува околу нивното смирување. Кети конечно проговорила за природата на нивниот однос.

Славната пејачка Кети Пери пред пет месеци ја прекина врската со шармантниот актер Орландо Блум, и иако многу се надеваа дека таа врска ќе заврши со брак, работите тргнаа во спротивен правец.

Но, некогашните љубовници останале во блиски односи, па така минатата недела биле забележани заедно на концертот на Ед Ширан во Лос Анџелес, на кој не ги криеле своите емоции пред мноштвото публика.
Сето ова водеше до заклучок дека познатиот пар се смирил, но еден ден откако е виден како се забавува со својата бивша девојка, Орландо Блум бил фотографиран на плажа во Малибу во друштво на непозната русокоса.

Пери, во својот последен разговор за едно американско списание сепак останала воздржана околу дефинирање на односот со актерот:

“Знаете, постојат луѓе кои влегуваат и излегуваат од нашите животи. Убаво е да ги задржите луѓето кои ги сакате околу себе. Како созревате, така и границите на вашите односи се замаглуваат”, вели 32-годишната Кети.

Освен тоа, таа додала дека нема време за сериозна врска, бидејќи е во подготовки за нејзината следна турнеја, која ќе се одржи следната година.

За разлика од ова, извор близок на познатата пејачка изјавил дека тие може да се смират доколку се затекнат на исто место во исто време.

No comments

Powered by Blogger.