Запознајте се со убавините на Сардинија!

Пишува: Точка

Бисерот на Италија заслужено е наречен бисер. Овој остров ги освојува посетителите од целиот свет и станува се повеќе посетен секое лето.

Сардинија е еден од поголемите острови на Медетиранското море. Неговото крајбрежје е долго речиси 2.000 километри со песочни плажи и планинска внатрешност со можност за планинарење. Суровиот пејсаж кој го поседува е исполнет со нураги - мистериозни камени урнатини од Бронзеното време кои биле обликувани како пчеларници. Во ова место добивате италијанска пауза без бучава и стрес. Таа ги поседува најпознатите и најзаводливите плажи на Медитеранот каде на одредено растојание се наоѓаат големи ресторани и пријатни барови.



За Сардинија постои едно таканаречено “златно правило”. Доколку го посетувате овој остров немојте да го правите тоа во Август. Во тој период се собира цела Италија, преплавени се плажите од луѓе и хотелите се презафатени. Исто така, цените се доста високи како и температурите. Во јуни најдобро можете да го видите островот со најчисто небо.

Најпосетени градови се Каљари, Сасари и Алегро. Но, можете да најдете и помали градчиња како Сант Антиоко, остров на југозападниот брег, Кала Гононе на источниот брег и Кастелсардо на северниот брег. Ако можете да ги напуштите преубавите плажи, тогаш сте го зајакнале вашето искуство со Сардинија и ќе го истражите планинскиот регион Барбагија, јужно од Нуоро и да добиете чувство на автентичното парче од традиционалната култура на Сардинија. Доколку сте спремни за луксузно патување, Сардинија е вистинскиот избор, не само што ќе се заљубите во природата и прекрасно чисто море со тиркизна боја, ќе ги заприметите и најлуксузните јахти по кои исто така е позната.









No comments

Powered by Blogger.