Зошто Бела Хадид речиси никогаш не се смее кога се слика?

Бела Хадид признава дека кога позира за фотографии, таа намерно избегнува да се смее, веќе долго време.



Причината за тоа секако, не е нејзиното расположение.

„Понекогаш, се чувствувам непријатно да се смеам пред камера. Ми требаше долго време додека да си го разберам лицето...“ – изјави таа.



Многумина пишуваат дека Бела е „поладна“ за разлика од нејзината сестра, Џиџи. За ова Бела вели дека нејзината пријатна природа не се истакнува на фотографии.



Кога ќе ме запознаат луѓето често ми велат дека изгледам злобно на социјалните мрежи, но јас навистина сакам да се дружам и да бидам нормална.

„Мојот Инстаграм е ист како и вашиот. Ако изгледам убаво, тие што се со мене ме сликаат, но тоа не е секогаш планирано и не секогаш позирам.“


Сепак, таа признава дека не знае колку треба да открие кога станува збор за социјалните медиуми.

„На почетокот, верував многу. Сега се вратив чекор назад. Сега, објавувам приватни работи, но не премногу лични. Веројатно треба да престанам со тоа. Не знам. Многу чудна тема е. Понекогаш едноставно ми изгледа како претерано изложување. Мислам дека не треба да има толку многу луѓе кои постојано ќе гледаат една иста личност.“

No comments

Powered by Blogger.