Дали конечно е откриена најпокривната пудра на светот? (видео)

Секој кој барем малку се разбира или интересира за шминка мора да ја знае девојката која стои позади Youtube каналот NikkieTutorials.

Пишува: Црнобело

Со над 7 милиони следбеници на каналот и многубројните соработки со познати светски брендови, Ники конечно ја испроба пудрата Дермакол (Dermacol) за која се тврди дека има екстремна покривност.

Покрај огромната покривна моќ, пудрата која патем е европски, односно чешки производ, е водоотпорна, хипоалергенска, наменета за сите типови на кожа и содржи заштитен фактор 30.

Ова е всушност првата компанија во светски рамки која почнала да произведува пудри за лице, уште од далечната 1966 година.

Дали Дермакол ги оправдува пофалните зборови и ветувањата?

Резултатот е воодушевувачки, а ефектот може да го погледнете на видеото на кое дури и Ники се запрепасти:
На листата со многубројните славни личности кои Ники веќе ги има шминкано се најде и Ким Кардашијан со која уште еднаш ги покажаа предностите на популарниот предизвик наречен Моќта на шминката (The Power of Make Up).

No comments

Powered by Blogger.