На Хрватот кој станал симбол на расистичкиот марш во САД му се заканува протерување од факултет: Цвјетановиќ во паника бидејќи добива смртни закани

Пишува: Точка

20-годишниот студент Петар Цвјетановиќ рекол дека е шокиран од брзината со која неговата фотографија од протестите во Шарлотсвил во Вирџинија го обиколила светот.

"Не очекував дека фотографијата ќе биде толку споделувана. Сфатив дека има многу негативно значење. Но, се надевам дека луѓето се подготвени да слушнат дека не сум лут расист како што се гледа на фотографијата", вели Цвјетановиќ. Се брани дека тој, како бел неонанацист, е загрижен за сите луѓе.

"Ние заслужуваме иднина за нашите деца и нашата култура. Ние само сакаме да го заштитиме тоа што го имаме", вели овој студент по историја и политички науки од Хрватска, чие лице станало симбол на расистичкиот марш во Шарлотсвил.

Универзитетот во Невада потврдил дека Цвјетановиќ е нивен студент. Управата на Универзитетот го осудила расизмот и идејата за надмоќ на белците, кои стојат зад протестите во Вирџинија.

"Таквите движења не ги претставуваат вредностите на нашиот Универзитет. Го осудуваме секој напад на поединци, без разлика на нивната боја на кожа, верско или политичко определување, сексуална ориентација, инвалидитет или потекло", соопштил Универзитетот во Невада.


На интернет била започната петиција Цвјетановиќ да се исфрли од факултетот.

"Мислам дека немаат право да ме избркаат. Отидов на легален политички собир и ја искористив својата слобода на говор", порачува Цвјетановиќ. Не направив никакво дело на насилство", им одговара на оние кои го напаѓаат.


"Не направив ништо незаконско, имам право да ги изразам своите политички уверувања, и ако Универзитетот ме избрка, тоа е јасно кршење на моите права", порачал Цвјетановиќ.

Момчето се пожалило дека работите излегле од контрола и дека добил смртни закани и дека се плаши на биде физички нападнат.

"Со заби и нокти ќе се борам за моите ставови на бел националист. Ја сакам мојата култура и ќе се борам за неа, но никогаш насилно", истакнува Цвјетановиќ. Тој се оградил од насилство и изразил жалење за жртвите, нагласувајќи дека одговорните мора да бидат казнети.

No comments

Powered by Blogger.