НоваТВ интервју: Ѓорѓи Лазаревски – човекот кој стои позади бомбите од УБК

Пишува: Точка

Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели најпознатиот македонски свиркач Ѓорѓи Лазаревски.

Прв се охрабри тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Првата политичка „бомба“ пукна на 09 февруари. Јавноста слушна за масовни злоупотреби на државата за лични и партиски цели во размери кои беа застрашувачки. Владата на ВМРО-ДПМНЕ користејќи ја веќе воспоставената спрега помеѓу извршната власт и судството поведе случај против сите инволвирани во протекувањето на прислушуваните материјали од Управата за безбедност и контраразузнавање, како и против Заев и поранешниот директор на УБК и во тоа време дипломат во Рим, Зоран Верушевски, пишува НоваТВ.

Но, кои се вистинските дојавуачи на корупција и криминал или, популарно свиркачи? Обвинети беа и Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски од УБК. Лазаревски 11 месеци остана во притвор. Тој беше човекот кој работел во службата, ги сведочел масивните злоупотреби на предистражните мерки и јавноста никогаш немаше да ги чуе бомбите да не беа обичните „смртници“ од службата – професионалната администрација.

Истовремено, ова интервју со најголемиот македонски свиркач НОВАТВ го користи и како повод за да ја објавува и својата алатка за безбедно пријавување корупција и криминал, како и други злоупотреби во институциите, бизнис секторот и пошироко наречен „Свирни за Вистината“. Ова е првата ваква комплетно безбедна алатка направена по примерот на водечките светски редакции кои на своите читатели им овозможуваат анонимно и безбедно да достават документи, дојави и други докази за злоупотреби. Повеќе за проектот прочитајте на Свирни.мк.

No comments

Powered by Blogger.