Паника во живо: Босанска новинарка известувала за пожарот, а потоа буквално почнало да ѝ гори под нозе

Пишува: Точка

За време на јавувањето во живо од подрачјето кое гори, Чапљинa, репортерката на телевизијата "N1", Џенана Каминиќ, останала во шок кога огнот буквално дошол до местото на кое стоела, јавува истата телевизија.

Додека известувала за пожарот кој се приближил до куќите во населбата Модриќ, репортерката се шокирала кога пожарот се нашол под нејзините нозе, што можеле да видат и гледачите кои го следеле нејзиното јавување од терен, пренесува Jutarnji List.

Репортерката објаснила дека мора да премести и скокнала на страна, а некој потоа влетал во кадар обидувајќи се да го изгасне пламенот.

И покрај се, таа продолжила да известува, но во нејзиниот глас можело да се почувствува дека не ѝ е сеедно.

Во Чапљинa огнот гори на повеќе локации, во населбите Требижат, Хотањ и Модриќ, каде пожарот се нашол на само 100 метри од куќите.

No comments

Powered by Blogger.