Крв насекаде: Германски овчар го растргнал крадецот кој се обидел да му го ограби домот, сопствениците ги пречекала сцена од хорор

Пишува: Точка

Германскиот овчар Оден го одбранил својот дом од натрапници...

Германскиот овчар Оден го одбранил својот дом од крадец, а неговиот сопственик, тристан Марин од Вирџинија објавил морничавo видео кое е снимено веднаш по нападот.

Ѕидовите и вратите во куќата биле прекриени во крв бидејќи Оден го нападнал и изгризал натрапникот.








"Кој и да се обидел да влезе во мојата куќа си го заслужил ова. Не се за*бавај со мене и со моите кучиња. Еве што се случило. Германски овчар е најдоброто куче кое можете да го имате", напишал Тристан под снимката која ја објавил на Фејсбук, пренесува Metro.


Кучето го нападнало крадецот додека тој се обидувал да избега.

Знаците на провала не биле видливи од надвор, а кога Тристан со семејството се вратил од одмор, сите биле шокирани од трагите од крв насекаде низ куќата.

"Мојот најдобар пријател Оден, кој е германски овчар, го заштити мојот дом и работите во него додека јас не бев тука. Моментално сум премногу горд на него. Ви препорачувам сите да си купите куче доколку немате", изјавил Тристан.

No comments

Powered by Blogger.