Табу мапа: Еве во кои европски држави инцестот е дозволен, а каде е забранет

Пишува: Точка

Зборот "инцест" овие денови и официјално е еден од "најгугланите" поими на интернет. Причината за тоа веројатно лежи во популарноста на серијата "Game of Thrones" во која двата титуларни ликови водат љубов.

Мапата објавена на сајтот "Indy100" прикажува во кои држави инцестот е забранет, а во кои е легален и под кои услови.

Мапата се состои од црвени територии, во кои односот меѓу лица во сродство се смета за илегален, до зелени, каде секој вид на ваков однос е дозволен.

Останатите земји кои се анализирани се обележани со жолто, светло зелено или портокалово.

Ваквите односи се забранети во балканските земји, некои земји од источна и југоисточна Европа, Велика Британија и скандинавските земји, додека во целост се дозволени во Шпанија, Португалија и голем дел од Русија, покажува мапата.
Legality of Consensual Sex between Siblings in Europe [OC] [2000 x 1392] from MapPorn

No comments

Powered by Blogger.