Мет Дејмон: “Трамп бараше улога во секој филм кој е сниман на некој од неговите објекти”

Пишува: Точка

Американскиот актер Мет Дејмон, во интервју за “The Hollywood Reporter” открил дека Трамп имал бројни камео улоги бидејќи секој пат кога продуцентите сакале да снимаат филмови во некои од неговите објекти, тој барал да се напише посебна сцена за него.

Дејмон открива дека сцената од филмот “Home Alone”, во кој Кевин Мекалистер (кој го глумеше Меколи Калкин) влегува во хотелот “Plaza” во Њујорк и го замолува човекот, кој го глуми Доналд Трамп да му покаже каде е предворјето, воопшто не била во сценариото на филмот.

“Трамп е егоманијак кој отсекогаш барал да се напише сцена за него”, вели Мет.


Режисерот Mартин Брест морал да напише сцена за “Scent оf a Woman” и во тоа учествувала целата филмска екипа.

“Потрошија еден час за да ја снимат глупавата сцена во која Трамп влегува и Ал Пачино му вели “Здраво, господине Трамп” и излегува. Toj дури морал и да го именува”, вели Дејмон.

No comments

Powered by Blogger.