Каква тепачка! Младич дрско му се обратил на возачот, а веќе следниот момент бил на земја, но тогаш се вмешала и неговата девојка..

Пишува: Точка

По жестоката расправија избила и тепачка, а возачот го извлекол подебелиот крај...

Еден британски турист ја снимил невообичаената ситуација на сред бел ден, на автобуската станица во одморалиштето Сан Антонио на Ибица.

На видеото кое за кратко време стана вирално, се гледа тепачката помеѓу возачот и агресивниот патник и неговата девојка, откако едниот наводно "му врзал шамар" на другиот.

Прво возачот го фатил младичот за врат и го соборил на земја, а потоа реагирала девојката на младичот обидувајќи се да го одбрани својот сакан, па започнала да го влече возачот и да му ги соблекува пантолоните. Потоа веќе не се знае кој-кого тепа. тепачката продолжува се додека минувачите не успеваат некако да ги разделат, пренесува Daily Mail.




Туристот кој го снимал целиот инцидент изјавил дека возачот, кој возел на бесплатна релација, му удрил шамар на патникот кој дрско и агресивно му се спротиставил.

"Неколку од нас дојдоа до вратата на автобусот, а возачот многу слабо зборуваше англиски. Ни зборуваше да одиме до киоскот за карти и се правеше луд. Во тој момент, овој Шпанец се врати и започна да се расправа со возачот и да им збори на групата девојки да влезат во автобусот. Возачот не им дозволи па набрзо изби тепачка", раскажува тој и додава дека возачот ги тргнал наочарите и го удрил младичот по лице.

Како и да е, не е познато зошто Британецот кој е тука од самиот почеток снимал се наместо да помогне..

No comments

Powered by Blogger.