Вампирски третман за подмладување - хит меѓу богатите Американци

Пишува: Точка

Контроверзниот американски претприемник и лекар, Џеси Кармазин, во клиниката во Сан Франциско започнал пилот проект поради кој научниците се фаќаат за глава.
Имено, Кармазин собира крв од тинејџери и ја продава на постари лица. Всушност, не станува збор за крвна плазна, а секоја трансфузија чини околу 8.000 долари. На пациентите во текот на два дена им се вбризгува доза од два и пол литри од оваа плазма.

Кармазин крвта евтино ја набавува од локалната банка за крв, а потоа ја раздвојува и комбинира, за на крајот да ја продава во скапоцени пакувања. Крајната на цел на целиот процес на трансфузијата е сопирање на стареењето, па не чуди тоа што просечната возраст на пациентите на Кармазин е 60 години.



"Секако дека не можам да кажам дека оваа трансфузија им овозможува на моите пациенти бесмртност, но поблиску до тоа никогаш не да дојдат. Главната цел е да се сопрат болести како дијабетес, срцеви болести и губење на меморија", рекол Кармазин.

Научниците од Станфорд последните 17 години изведуваат слични експерименти, само со една важна разлика. Тоа го прават со глувци.

Резултатите биле прилично изненадувачки, и ја докажале ефикасноста во подмладувањето на органите, мускулите и матичните клетки. Без разлика на тие експерименти со глувци, научниците, благо кажано, не се воодушевени со третманите на Кармазин.

"Свесен сум дека тој на овој луд проект ќе заработи богатство, но едноставно не постојат никакви докази дека трансфузијата на плазма им помага на луѓето", вели Тони Вајс-Кореј, научник од Стансфорд кој и самиот учествувал во експериментите со глувци.

Критичарите исто така укажале и на опасноста од изложување на луѓето на потенцијални ризици кои вклучуваат повреди на белите дробови и смртоносни инфекции.

Сепак, кога научниците зборуваат за овој вампирски третман, најчестиот збор кој го споменуваат е - измама.
"Луѓето сакаат да веруваат дека младата крв ќе ги подмлади. Но, не постои ниеден доказ кој оди во прилог на таа теорија", вели Вајс-Кореј.

No comments

Powered by Blogger.