Додека светот гледа во Северна Кореја, тука опасно врие: Нов инцидент меѓу војниците на двете големи сили!

Пишува: Точка

Индиски и кинески војници се судриле, а имало и гаѓање со камења, во новиот граничен инцидент на Хималаите, навеле денес индиски извори.

Инцидентот се случил во момент кога индиските и кинеските сили веќе два месеци стојат соочени на стратешката хималајска висорамнина Доклам, територија на кралстовото Бутан.

Војниците на двете земји вчера се судриле на 1.200 киломери од таму, во подрачјето Ладак во Кашмир, на индискиот ден на независноста.



Според извори од индиското министерство за одбрана, кинеските војници два пати се обиделе да влезат на територијата во зоната на езерото Пангонг, на надморска висина од 4.200 метри, но индиските сили ги одбиле.

"Имаше два помали инциденти. Од кинеската страна се фрлаше со камења, но ситуацијата е под контрола", рекол тој службеник кој барал да остане анонимен.



По инцидентот двете страни се вратиле на почетните позиции.

"Вакви работи се случуваат секое лето. Овој пат траеја малку подолго и беше посериозно, но немаше употреба на оружје", рекол извор од полицијата од Шринагар.



Индија и Кина имаат два територијални спорови, во регионите на северот и истокот на Индија. Во војната која ја воделе во 1962. година, Кина ги поразила индиските трупи.

No comments

Powered by Blogger.