ВИДЕО: На смртна постела неговата тетка му рекла за провери под машината за шиење...


Пишува: Точка

Џени Фарастро на нејзинта смртна постела на својот внук Карло Сабатино, му открила дека во куќата имаат непроценливо богатство. Не бил сигурен дека неговата тетка е при здрав разум и дали она што му го говори е вистина. Какво богатство би можела она да поседува?

"Три дена пред смртта, ми кажа да погледнам под машината за шиење", изјавил Верастро.

За една старица, богатство би можело да биде било што за неа има голема сентиментална вредност. Сепак тој се решил да погледне, по сугестија на неговата тетка. Меѓутоа, останал шокиран од она што навистина го пронашол! Тоа било слика на Пабло Пикасо, само не бил сигурен дали станува збор за оригинално дело.



"Како што ја поместив машината за шиење, најдов слика замоткана во хартија", изјавил Верасто и се потсетил дека истата хартија некогаш ја видел уште кога бил дете.

Тој ја именувал како "Дамата со замаглен шешир". Тој е убеден дека станува збор за оригинал, односно дека станува збор за дело на Пикасо за време на екпериментирање на нова техника на сликање. Кога сликата била однесена во Њујорк еден експерт по 30 секундно гледање кажал дека станува збор за обична копија.

"Таа ја погледна сликата 30 секунди и веднаш заклучи дека е ефтина репродукција, на која на треба да губиме време."



Меѓутоа, кога сликата ја погледнал Д-р Кенет Смит, утврдил дека пигментот на боите одговара на 30-те години од минатиот век. Исто така, стручњакот открил неверојатен отисок од палец на самото платно, кој подоцна бил пратен на дополнителна анализа при што било утврдено дека станува збор за отисок на палецот на Пабло Пикасо.

Иако сеуште сè чекаат финалните анализи, стручњаците се скоро убедени дека се работи за оригинал кој на пазарот би можел да достигне вредност и до 13 милиони долари! Доколку е така, Џени Верастро на својот внук му оставила вредност која ќе му го промени животот, кон подобро или полошо.

No comments

Powered by Blogger.