Во срцето на Деир ез-Зор: Еве што пронашле силите на Асад во базата на ИСИС

Пишува: Точка

Сириските трупи пронашле резерви на оружје и експлозиви, како и оштетени оклопни возила во градот Деир ез-Зор, кој пред два дена бил ослободен од терористите на ИСИС.

Припадниците на сириската армија чистејќи го теренот откриле мрежа подземни тунели кои терористите ги користеле како складишта за оружје и муниција, но и како сместување.

Тоа што војниците го пронашле сведочи дека припадниците на ИСИС планирале долг престој во тој град - кутии со муниција и оружје, големи резерви на лекови...

Сириските трупи во текот на рацијата откриле докази дека многу милитанти потекнуваат од Русија и поранешните советски републики, се наведува во соопштението од Министерството за одбрана на Русија.

Во нападот со руските ракети "Калибар" убиени биле околу 200 терористи, со што на ИСИС и бил нанесен тежок удар. Тогаш биле уништени командните и комуникациските центри, три складишта со муниција, 12 оклопни возила, вклучувајќи и тенкови, и шест артилериски позиции, се наведува во соопштението на Министерството.

Меѓу погодените мети била и автомеханичарската работилница која џихадистите ја користеле за на возилата да постават противавионски топови, тешки митралези и бомби.

No comments

Powered by Blogger.