Пронајден мечот на кралот Артур: Девојче на дното на езеро го пронашла легендарниот Екскалибур

Пишува: Точка

7-годишната Матилда Џонс го пронашла "Екскалибур" во истото езеро во кое, според легендата, "дамата од езерото" на Англија и го подарила легендарниот меч.

Матилда влегла до појас во езерото Дозмари во Корнвол со својот татко Пол, каде на дното забележала голем меч.

"И кажав дека веројатно станува збор за парче од некоја ограда, но кога погледнав, сфатив дека навистина станува збор за меч. Лежеше на дното на езерото", рекол нејзиниот татко.

Според легендата сер Бедивер го фрлил Екскалибур во езерото Дозмари по битката во Камлан, во која загинал Артур. Мечот го прифатила рака која излегла од езерото и засекогаш го одвлекла во длабочините.

Сепак, мечот кој Матилда го пронашла најверојатно не му припаѓал на кралот Артур. најверојатно станува збор за филмски реквизит користен во текот на снимање пред 20 или 30 години.

No comments

Powered by Blogger.