ВИДЕО: Протест во Барселона, интервенирала полицијата

Пишува: Точка

Полицијата во Барселона денеска интервенирала поради тензиите кои настанале на демонстрации во близина на местото на вчерашниот терористички напад.

Полицијата растера група десничарски демонстранти во Барселона, откако претходно ги раздвојувала од повеќе стотици контра-демонстранти.

Припадниците на крајната десница, околу 30 луѓе, држеле транспаренти на кои пишувало: „Запрете ја исламизацијата на Европа“, додека контра-демонстрантите им дофрлале нарекувајќи ги „Идиоти“.

Полицијата ги растерала демонстрантите, а откако си заминале, контра-демонстрантите дале аплауз и мирно си заминале.

Протестот следува еден ден откако комбе влета во пешаци на најпознатата улица во Барселона, Ла Рамбла. Во терористичкиот напад загинаа 13 луѓе, а одговорноста ја презеде Исламска држава.

No comments

Powered by Blogger.