Конечно проговориле синовите на принцезата Дајана: Мамо, извини што те изневеривме!

Пишува: Точка

Сега сакаме да зборуваме за нашата мајка, време е да станеме и да го одбраниме нејзиното име, бидејќи како деца не успеавме, рекле двајцата британски принцови.

Британските принцови Вилијам и Хари сметаат дека ја изневериле својата мајка, принцезата Дајана, кога загинала во несреќа во Париз на 31. август 1997. година, па сега ќе направат се што е во нивна моќ да ја одбранат.



Двајцата го кажале тоа во документарниот филм "Дајана, седум дена", кој премиерно ќе биде прикажан на 1. септември, по повод 20 години од смртта на Леди Ди.

Британски Mirror пишува дека принцовите во филмот раскажале лични приказни за својата мајка, но и дека зборувале за среќните времиња, кога уживале како семејство.

"Една од причините што јас и Хари сакаме да зборуваме за ова е бидејќи и го должиме тоа. Ние се чувствуваме како да сме ја изневериле кога бевме деца. Не успеавме да ја заштитиме.

И должиме 20 години подоцна да станеме и да го браниме нејзиното име и да ги потсетиме сите на нејзината личност и на се што беше. Наша должност како синови е да ја браниме", рекол принц Вилијам во најавата на филмот..

Неговиот брат Хари вели дека двајцата биле скршени со неверојатниот одек на смртта на својата мајка.

"Кога загина, дојде до таква ерупција на емоции и тоа беше премногу, шокантно", рекол тој.

Британски Sun јавува дека Леди Ди во 1997. година имала договор за снимање на документарец во кој би ги изнела сите тајни од својот и животот на кралското семејство. Последниот состанок за тој филм требало да го има со режисерката Моли Динен на 1. септември, но настрадала ден претходно.
Принцезата Дајана на сите патувања во странство носела една неочекувана амајлија - мал вибратор тврди Кен Ворф, поранешен офицер задолжен за обезбедување на британската принцеза, во книгата "Чувајќи ја Дајана".
Вибраторот и го купил некој од членовите на обезбедувањето и останал во еден од дипломатските куфери. Кога куферот беше отворен на официјален состанок во текот на посетата на кралот на Непал, сите беа згрозени од сексуалната играчка, но принцезата се насмеа и кажа: "Ова мора да е за мене". Од членовите на тимот бараше да го однесат во Лондон и од тогаш тоа беше амајлија која секогаш ја носела на патувања", напишал тој.

No comments

Powered by Blogger.