Трамп лично ги одбрал тапетите: Белата куќа целосно преуредена, сега изгледа вака!


Пишува: Точка

По двомесечното реновирање кое чинело повеќе од три милиони долари, Белата куќа добила нов изглед.

На влезот во западното крило на официјалната резиденција на претседателот на САД, поставен е знак за добредојде, пренесува CNN.



Во овалниот кабинет поставени се и нови тапети кои ги избрал лично Доналд Трамп, а на плафонот над лустерот е поставена статуа од орел во златна боја.



Во собата на Рузвелт е поставен портрет од Френклин Рузвелт. Вкупно се поставени 6.000 метри нови теписи, а само таа инвестиција чинела повеќе од милион долари.



Сиот мебел во Белата куќа е направен во САД, соопштиле од Белата куќа. Кога станува збор за техничката реконструкција, унапреден бил и системот за греење, проветрување, клима и ИТ системите.



Реновирањето на Белата куќа започнало на 4. август, кога Трамп отишол на "работен одмор".



No comments

Powered by Blogger.