Bianchi Ferrari: “Супервелосипед” со цена од 15 илјади евра

Пишува: Точка

Кога познатиот италијански производител на велосипеди Bianchi и компанијата од Маранело, специјализирана за суперспортски автомобили ќе ги здружат своите сили – настанува вистинско ремек дело на две тркала.

Не е реткост производителите на автомобили да се бават и со изработка на велосипеди – да се потсетиме на примерите како што се компаниите Opel и Peugeot.

Овојпат, во намерата да произведат врвен велосипед, своите сили ги здружија Bianchi и Ferrari, а резултатот е супервелосипед наречен SF01.

За основата е употребен моделот Bianchi Speciallisima, кој е потоа доработен и брендиран со помош на Ferrari.



Ова совршенство на две тркала има рамка, која е во потполност изработена од јаглеродни влакна и чија маса изнесува само 780 грама. Освен што на тој начин тежината на велосипедот е олеснета, овој материјал допринесува и за намалување на вибрациите при возењето и до 80%.


Јаглеродните влакна се употребени и за изработка на седиштето, кое тежи 94 грама. Ferrari го искористил истиот материјал од кој е направен и тркачкото седиште во нивниот F1 болид.



Bianchi SF01 by Ferrari ќе започне со продажба во ноември, по цена од 15 илјади евра. Ова не е првиот велосипед со познатиот амблем на Ferrari, но е секако еден од најскапите досега.

Ferrari и Bianchi планираат да ја продолжат соработката, а асортиманот на производи ќе опфаќа градски, mountain и велосипеди на електричен погон, па дури и детски велосипеди.








No comments

Powered by Blogger.