AccuWeather краде податоци за корисниците и ги следи

Според доказите на безбедносните аналитичари, апликацијата за временска прогноза AccuWeather наводно собира податоци од iOS (веројатно и од Android) корисниците за нивното движење и локациите кои ги посетиле и им ги праќа на одредени компании кои ги продаваат. Наводно, AccuWeather ова го правел дури и кога локациските сервиси на уредите биле исклучени.

Пишува: КАЈГАНА 

Иако за Android корисниците нема конкретни докази, за iOS постојат цврсти докази дека AccuWeather ги следи корисниците дури и доколку на апликацијата и е исклучена опцијата за пристап до локацијата. Во конкретен случај на истражување, утврдено е дека за 36 часа, AccuWeather повеќе од 16 пати испратил податоци за користењето на телефонот и неговиот сопственик до компанијата Reveal Mobile. Податоците кои ги испратила апликацијата се точните GPS координати, патеката на движење, BSSID податоци од Wi-Fi рутерот на кој телефонот бил поврзан и податок дали Bluetooth е вклучен.

Reveal Mobile, компанијата на која и биле праќани податоците, на својот сајт објави дека добиените податоци ги користела за подобро профилирање на корисниците, подобро разбирање на нивното движење за да може да разликува посета на работа од посета на домот на корисниците.

Потоа, AccuWeather за Mashable откри дека е вистина дека поради пропуст во кодот на апликацијата праќала податоци за Bluetooth и Wi-Fi врската, но дека ниту собирала, ниту праќала податоци за GPS координатите и патеките на движење.

Што мислите вие? Дали ќе ја користите и понатаму или ќе ја избришете?

No comments

Powered by Blogger.