По 7 години затвор, Велија Рамковски на привремен отпуст поради лекување



Поранешниот сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, по 7 години поминати во затворот “Идризово” е на привремен отпуст поради лекување, пишува Фокус.

Рамковски беше обвинет во судскиот процес “Пајажина” за злосторничко здружување, затајување данок и перење пари, по што беше осуден на 13 години затвор.

Доколку по привремениот отпуст поминат две третини од казната односно 8,6 години од денот кога бил притворен, Рамковски може да бара условен отпуст.

No comments

Powered by Blogger.