775 најбогати во Македонија заработиле колку 210.000 сиромашни

Пишува: Телма

Јазот меѓу богатите и сирмашните граѓани од година во година станува се подлабок. Додека 99 % од популацијата заработува околу 300 евра месечно, 1 % имаат просечен месечен доход од околу 4.200 евра што значи дека просечниот доход на најбогатите е 14 пати поголем од просечниот личен доход во државата. Бројките од анализата за доходовната нееднаквост ја сместија Македонија на врвот меѓу европските земји. „Најбогатите 3% од популацијата, заработуваат исто колку и 50 % од граѓаните“, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

„50% од луѓето земаат 212 евра месечно, 70% имаат 297 евра но затоа 2% имаат над 1044 евра а 1% над 1523 Евра“, рече советникот на министерот Бранимир Јовановиќ.

Нееднаквоста во примањата води во понизок економски раст, финансиски кризи, ниска социјална мобилност, лошо образование и здравство, зголем криминал.Најинтересно е вели Јовановиќ, што најбогатите во државата плаќаат најмал данок и затоа е нужно воведувањето на прогресивен данок. Како пример за нееднаквоста беше наведен случајот со новинско издавачка куќа во која 466 бработени земале по 280 евра месечно а само еден вработен 21 000 евра.

„Половина од доходот во игрите на среќа , завршува кај најбогатите, 90 % од дивидендите одат кај најбогатите, а кај нив завршуваат и 95% од каматите“, вели Јовановиќ.

Дека нееднаквост расте говори и податокот според кој на 99 % од населението, за три години доходот им се зголемил за 18 евра а на најбогатите за 390 евра. Анализата на Мин за финансии е направена на доходот што го остваруваат 94о 000 лица.Највисокиот нето остварен доход што во 2016 го имале еден македонец изнесувал 2,6 милиони евра, 15 лица заработиле повеќе од 1 мил евра а 66 –мина имале доход поголем од половина милион евра.

Виолета Зајкова Стојановска

No comments

Powered by Blogger.