6 славни дами со кои дизајнерите одбивале да соработуваат

Пишува: Точка

Кристина Хендрикс и Бијонсе се најдоа на оваа листа.

Тие се млади, убави, интелигентни и успешни во она што го работат. Покрај сè, тие се згодни дами, но со облини и тоа дизајнерите “дебело” им го наплатуваат, така што одбиваат да ги облечат за некој важен настан.

Во модниот свет во кој доминираат слабите девојки, ја имаме заносната убавица Ешли Грахам која не ја посети Мет Галата бидејќи не можела да најде креатор кој би излегол во пресрет со нејзините облини и тело.

Постојат славни личности кои имаат вишок на килограми, но и среќа да бидат задоволни со нивниот изглед. И секако, тука се оние кои не креираат облека во нивни величини, кои не учествуваат во нивното средување за црвениот килим итн.

Затоа, во продолжение Ви претставуваме шест успешни дами кои го возвратиле ударот и објасниле како plus-sized се однесува не само на нивното тело, туку и на нивниот памет.

Бијонсе

На почетокот на својата кариера, Бијонсе изјавила дека никој не сакал да ја облече за бројните настапи кои таа ги имала со групата Destiny’s Child.

“На почетокот, никој не сакаше да креира облека за четири црни девојки со облини. Мојата мајка која тогаш беше одговорна за нашите комбинации, ги презема работите во свои раце – заедно со мојот вујко ги креираа нашите први костими, составени од 100 кристали и перли и многу љубов во секој мал детал”.


Октавија Спенсер

Актерката Оливија Спенсер изјавила дека ѝ било претешко да пронајде фустан за Златниот глобус во 2012. година, иако била номинирана за истиот.

“Јас сум полничка и ниска девојка. Тешко ми беше да пронајдам фустан за мене и тоа ми создаде голем притисок”.

Кристина Хендрикс

Ѕвездата на серијата Mad Men изјавила дека имала проблем да најде фустан за премиерата, бидејќи носи L величина.

“Луѓето обично зборуваат убави работи за мене. Сепак ниту еден дизајнер во градот не сакаше да соработува. Некои не сакаа, а други не можеа бидејќи продаваа само фустани во XS и S големини, па затоа често и понатаму се борам да најдам модели во мојата величина. Во серијата се слават облини и драго ми е поради тоа”, вели таа.



Клои Кардашијан

“Сметам дека модната индустрија обрна внимание на мене откога ослабев. Дури и кога имавме заеднички снимања, немав некоја среќа за облеката. Вниманието беше насочено кон Ким и Кортни, бидејќи јас, односно моето тело беше “премногу работа за стилистите”, изјави Клои.


Мелиса МекКарти

За комичарките е изгледа полесно да бидат номинирани за Оскар 2012. година, отколку да најдат облека за таа прилика.

“Не успеав да најдам креатори кои би ме облекле по повод Оскарите. Бев кај дури шест дизајнери и сите ме одбија”. Сепак, таа на крајот носеше фустан од Марина Риналди, која е специјалист за plus-size модели.

Ешл Грахам

Манекенката е доволно јасна: “Кога изгледате како мене и кога ќе тргнете во потрага по фустан кој Ви треба за доделување на Оскар или за црвениот килим, тоа се претвора во работа која морате сами да ја завршите бидејќи ретко кој сака да Ви излезе во пресрет и да Ви помогне”.

No comments

Powered by Blogger.