Ова се сличностите и разликите меѓу Северна и Јужна Кореја: Пред 60 години биле една земја, а денес...

Пишува: Точка

Фотографот Џејкоб Лаукаитис одлучил да тргне на едно многу необично патување. Тој, имено, патувал во Северна и Јужна Кореја, кои некогаш биле една земја, за да увиди како се живее во тие земји.

Во една од најмистериозните земји на светот - Северна Кореја - минал седум дена. Таму му го земале пасошот и не му дозволиле да ја истражува сам, поради што подоцна рекол дека тоа е една од најчудните земји на светот кои некогаш ги посетил.

Во текот на својата посета на Северна Кореја се прашувал каков е животот во Јужна Кореја, и се одлучил да ги спореди искуствата.


Затоа одлучил една година подоцна да се врати на полуостровот.

Своето искуство решил да го сподели со корисниците на интернет во 15-минутно видео.

No comments

Powered by Blogger.