Невидени снимки од Областа 51: Никогаш поблиску до најчуваната воена база која крие тајни

Пишува: Точка

Влезот им е дозволен на мал број на луѓе, безбедноста е на високо ниво, а локацијата во голема мера останала мистерија се до денес.

Неколку храбри истражувачи снимниле фасцинантни фотографии во една од најчуваните бази на американската војска на сите времиња, за која дури и се наведува дека е затвор за вонземјани - Областа 51.
Таа е сместена во пустината Невада, а основана е во 1955. година, за да се тестира извидничкиот авион "Lockheed U-2".
Меѓутоа, станала место каде се вршеле истражувања поврзани со НЛО. Јавноста ја поврзувала со наводни "апсења" на вонземјани и владини заговори.
Влезот им е дозволен на мал број на луѓе, безбедноста е на високо ниво, а локацијата во голема мера била мистерија се до денес.

Американските истражувачи кои се занимаваат со следење на вонземјани, Тим и Трејси Дојл, се качиле на врвот Тикабу, висок 2.438 метри.



Тој се наоѓа на околу 40 километри од локацијата каде наводно се наоѓа Областа 51. Од таму успеале да ја фотографираат оваа таинствена област и фотографиите да ги прикажат во јавноста.

No comments

Powered by Blogger.